Темен режим Режим на светлина

Османи побара консензус, но не и покажа на опозицијата документи што се преговара со Бугарија

Се случи и тоа – имаше министерско реферирање пред пратениците за преговорите со Бугарија. Сепак се беше без откривање на деталите за македонските одговори на бугарскиот „Предлог 5+1“. Денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во излагањето пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика  образложи дека сред разговори не може да открие содржина на „нон-пејпери“.

-Не можам да откријам бидејќи не станува збор за официјални документи и во нив нема ништо спектакуларно. Јазикот и другите идентитетски атрибути се прашања кои произлегуваат од правото на самоопределување на секој човек, на секој народ, на секоја етничка заедница, на секоја држава и тоа е неприкосновено право посилно од кое било друго право. За овие прашања ниту сме преговарале ниту имаме право да го направиме тоа, изјави Османи.

Тој побара партиски консензус околу ова прашање.

-Очекувам во наредните шест месеци да се создаде нова слика за односот и соработката меѓу двете земји. Бугарската страна инсистира што и да се договорат двете држави да оди во Собрание. Тоа го бараат и наши луѓе од овде, опозиција, разни политички опоненти се приклучуваат кон оваа позиција на Бугарија. Еве пеки, ќе се оди во Собрание, ќе се ратификува ако е тоа барањето, дециден е Османи.

Опозицијата, која што побара Османи да реферира за текот на разговорите со Бугарија, остро го критикуваше процесот, оценувајќи дека се се одвиваат во тајност и побараа пристап до доверливи документи и нотата испратена во Бугарија, како и детали за планот 5+1, во кои што сметаат дека треба да имаат увид.

-Вашиот легитимитет извира од пратениците, тука треба да информирате, оти така ќе градите консензус. Јас ако од телевизија дознавам за нотата што сте ја испратиле во Бугарија, тогаш имам проблем, реагираше професорката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Комисијата за надворешни работи, Антонијо Милошоски, кој ја иницираше седницата, го критикуваше за решавање на спорот и го нарече „провизорен“.

-Османи зборуваше да изградиме заеднички позиции, но како ние да имаме доверба како пратеници врз основа на нон пејпер испратен во Бугарија, за којшто дознаваме од медиумите. Не ни давате доверба како пратенции. Нас државата ни дала доверба, серитфикати да имаме пристап до секоја државна тајна. Ако државата ни дала, зошто еден политичар да нема доверба во нас. Зошто да немате доверба и во пратениците на СДСМ и ДУИ, и со нив да споделите на седница на која ќе ви дадеме .добронамерни критики“, рече Милошоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Што им кажал Пендаровски на Македонците од Бугарија и што за нив ќе му каже на Радев?

Следна објава

Се намалува цената за паркирање во Скопје