Ако не се набави гас од Србија скопските топлани ќе работат на мазут

Во домовите во Скопје ќе има парно на 15 октомври а топланите ќе се греат со гасот што ќе биде набавен од Србија или со мазут, изјави денеска Виктор Андонов, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот. На прес-конференцијата тој објасни дека планот е Србија на Македонија да и испорачува гас а за тоа ќе добие струја произведена во централата Те-То која ќе го користи тој гас.

-Разговорите со Србија  уште траат, а за кои количини на гас станува збор дополнително ќе се информира. Се разговара за набавка на количини на гас за централата Те-То кој ќе се користи и за производство на топлинска енергија. Србија од Те-То ќе купува струја, а остатокот од струјата од оваа централа ќе се нуди на домашните компании. Значи ние ќе го плаќаме гасот на Србија, а таа ќе ја плаќа струјата која ќе ја извезува Те-То, рече Андонов.

Тој додаде дека доколку не се договори опцијата за гас и не се обезбедат доволно средства за набавка на природен гас по берзански цени постои и резервна варијанта, а тоа е работа на мазут.

-Така што, се надеваме дека таа крајна варијанта нема да дојде и ќе ги обезбедиме претходните, рече Андонов.

Андонов рече дека веројаноста да се потпише договорот со Србија е голема и дека гасот ќе се увезува од Србија преку Бугарија.

– За континуриано снабдување со гас разговаравме и со Туркије, за јаглен со Грција и за струја со Бугарија. Кога ќе бидат финализирани договорите ќе се објават цените и количините, рече Андонов.

Претходна вестКамион падна во провалија меѓу Гостивар и Кичево, возач тешко повреден
Следна вестПесков: Тврдењата дека Русија стои зад можниот напад на гасоводите „Северен тек“ се глупави