Ако патувате денеска: На Табановце за излез се чека 1 час, на Богородица 15 минути

На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека до 15 минути, додека на Табановце за излез времето на чекање е околу еден час, соопшти АМСМ.

На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет надвор од градските средини.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Претходна вестНе научија што е тоа одговорност
Следна вестНДИ побарал нашата држава привремено да згрижи уште 200 жени и деца на нивни активисти од Авганистан