Александар Стојковски назначен за в.д. директор на ЈСП „Скопје“

Александар Стојковски е новиот вршител на должноста директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, соопшти најголемиот градски автобуски превозник.

Стојковски е дипломиран машински инжинер на Машинскиот факултет во Скопје. Има над 20 години работно искуство, а на функцијата доаѓа како претходно вработен во ЈСП „Скопје“.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на новиот директор му посака успешна работа, да продолжи со досегашната успешна организациска поставеност на ЈСП, со грижата за вработените и да работи пред се во служба на сите граѓани, воспоставувајќи одлуки кои ќе бидат во интерес за сите граѓани.

-Уверени сме дека ќе продолжи домаќинското работење. Финансиската позитива во првото тримесечје од годинава, зголемувањето на приходите со над 60 отсто во споредба со минатата година, воведување на бесплатен превоз за возрасните лица, бенефициите за лицата со попреченост, како и повторното функционирање на Жичарницата и ноќните линии, се доказ  дека ветувањата се остварливи, соопштија од ЈСП.

Претходна вестРСБСП со грижа и за безбедност на децата во сообраќајот
Следна вест89 нови случаи на Ковид-19, вкупно 633 заболени