РСБСП со грижа и за безбедност на децата во сообраќајот

Декларација за поголема безбедност на децата во сообраќајот ќе биде потпишана денеска на собирот по повод 60 години од постоење на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патишта, соопшти РСБСП.

По тој повод се одржува и стручен собир под мотото „Безбедни деца – безбедна иднина“.

-Потписници на декларацијата со која секое министерство се обврзува да се грижи за зголемување на безбедноста на децата, се официјалните лица: министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски, министерот за образование и наука г-дин Јетон Шаќири, министерот за труд и социјална политика г-ѓа Јованка Тренчевска, министерот за транспорт и врски г-дин Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа г-дин Горан Милевски. По потпишувањето на декларацијата, воведно излагање ќе има претседателката на РСБСП, м-р Гордана Кожуваровска, соопшти РСБСП.

Со свои презентации ќе се појават и гостите од регионот: – Милија Радовиќ, АБСРС – Република Српска, Диана Русинова, ЕЗТП – Република Бугарија, Синан Алиспахиќ , ХАК – Република Хрватска и Снежана Ристеска АСУЦ од Македонија.

Презентацијата на трудовите опфаќа следни теми: Децата – најранлива категорија учесници во сообраќајот. Безбедно превезување на деца со моторно возило,. Најчести причини за сообраќајни незгоди во кои има повредени или загинати деца, Начини за намалување на бројот на сообраќајни незгоди во кои има повредени или загинати деца, Децата-како пешаци во сообраќајот, Училишни сообраќајни единици – искуства и придобивки, Алтернативен сообраќај – вело сообраќај за деца, соопшти РСБСП.

 

Претходна вестСе надминаа проблемите, автобусите 19 и 20 на „Макекспрес“ повторно ќе возат до Шуто Оризари
Следна вестАлександар Стојковски назначен за в.д. директор на ЈСП „Скопје“