Ангелов: Секојдневно се гасат по 20 пожари

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи во летното издание на „Клик Плус“ во ТВ21 зборуваше за состојбата со пожарите во моментов во земјава. Ангелов рече дека статистиката е фрапантна и дека пожарникарите гасат 20 пожари на ден.

– За нас сите пожари се подеднакво опасни, затоа што и мал пожар за кратко може да дојде до голем пожар. Вообчаено медумите да известуваат за големи пожари, но и малите се многу важни. Секојдневно пожарникарите гаснат по 20 пожари. Статистиките се алармантни, во јули имавме 210 пожари, 60 беа ниска трева, а седум во јули влегоа во квалитетна шума и предизвикаа загуба. Досега имаме 223 пожари на отворено. Но, сега имаме многу подобра реакција, и сега имаме рана детекција, сега се нанесува тој почетен удар. Јас сум задоволен од храбрите пожарникари кои веднаш излегуваат на терен, рече Ангелов.

Претходна вестАнгелов: Дрвокрадците намерно палат шуми за да дојдат до поевтини дрва
Следна вестПолицијата четврти ден трага по лицето кое го вееше знамето на т.н. „голема Албанија“