Англија и САД одиграа без голови

epa10328864 Antonee Robinson (R) of the US shakes hands with Mason Mount of England after the FIFA World Cup 2022 group B soccer match between England and the USA at Al Bayt Stadium in Al Khor, Qatar, 25 November 2022. EPA-EFE/Ali Haider

Англија влезе како фаворит во дуелот со САД особено по импресивната партија против Иран, но на крајот можат да бидат задоволни што не загубија против Американците. Англија и САД е петтиот натпревар на ова Светско првенство кој заврши без голови. Се очекуваше доминација на Англичаните, но Американците не само што беа рамноправен противник, туку беа подобри, на крајот тагуваа што не победија.

Фудбалерите на САД воопшто немаа страв од противникот, одиграа максимално мотивирано и концентрирано и пропуштија неколку сериозни шанси.

Во првото полувреме Пулишиќ ја погоди и пречката од голот на Пикфорд. Англија речиси и да не создаде сериозна шанса, најблиску до гол беа во 93. минута кога Кејн со глава биеше крај стативата.

По две одиграни кола во групата Б, Англија е прва со четири бода, Иран има три, САД имаат два, а Велс еден бод. Сите селекции имаат шанси за пласман во осминафиналето.

Во последното коло САД игра против Иран, Англија против Велс.

Предходно беа одиграни три натпреварии беа постигнати следните резултати:

Велс – Иран  0-2

Катар – Сенегал 1-3

Холандија – Еквадор 1-1

Претходна вестИвановски запрен во четвртфиналето во Мадрид
Следна вестОблачно и ветровито, температура до 13 степени