Анкета: Двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ во ИЕ 1 и ИЕ 5

Според анкетата направена за МРТ 1 и презентирана во емисијата „Објектив“ за претстојните парламентарни избори во Македонија во ИЕ 1, 20.6 отсто се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 10,4  проценти за СДСМ, за политичката партија ДУИ 6.7 отсто, ЕСП 4,3 проценти, АА 1,4 проценти, Левица 4,5 отсто , Знам 2. процента, друга 1,8 , отсто додека пак 16,8 проценти се изјасниле дека нема да поддржат ниедна партија, не сакаат да кажат 15,1 отсто , Не знам / Немам одговор 15.4 проценти.

На прашањето која партија сметате дека ќе победи на парламентарните избори во ИЕ 1 анкетираните одговориле дека ниедна 9.0 отсто, не сака да каже 7.7 проценти, не знам / немам одговор 26.2 отсто , СДСМ 8.3 проценти, ВМРО-ДПМНЕ 28.1 отсто, ДУИ 5.9 проценти, ЕСП 4.5 отсто, АА 1.6 проценти, Левица 4 отсто , Знам 3.5 проценти и друга 1.2 отсто

Додека пак за претстојните претседателски избори во Македонија во ИЕ 1 својот глас за претседателскиот кандидат од СДСМ би го дале 9.7 отсто, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ 19.4 проценти, за кандидатот на ДУИ 6,6 отсто , за кандидатот на ЕСП 4,4%, за кандидатот на АА 0.7 отсто , за кандидатот на Левица 4,3 проценти, за кандидатот на движењето Знам 3,6 отсто , друг 0.2 проценти, ќе се определат откако партиите ќе ги соопштат кандидатите 8.0 проценти, ниеден 16 проценти, не сака да каже 12.8  отсто не знае или немале одговор 14.3 проценти.

На претстојните парламентарни избори во ИЕ 5 според анкетата за ниедна партија би гласале 18.6 отсто , не сака да каже 16,7 проценти, не знам / немам одговор 14.2 отсто , СДСМ 13,6 проценти, ВМРО-ДПМНЕ 19.8 отсто , ДУИ 6.1 проценти, ЕСП 2.1 проценти, АА 2.8 отсто, Левица 2.9 проценти, Знам 2.0 проценти, друга 1,2 отсто .

Во ИЕ 5 за претседателски кандидат од СДСМ би гласале 14.3 отсто , ВМРО-ДПМНЕ 20.1 проценти, ДУИ 6.9 отсто , ЕСП 2.1 проценти, АА 2.7 отсто, Левица 3.4 проценти, Знам 2,4 проценти, ќе се определам откако партиите ќе ги соопштат кандидатите 9.7 проценти, за друг 0.5 отсто , за ниеден 14.2 проценти, не сакаат да кажат 8.6, не знаеле или немале одговор 15.1 процент од испитаниците.

 

Претходна вестСончево со мала облачност
Следна вестВлезниците за студентите во културните установи на 50 отсто