Влезниците за студентите во културните установи на 50 отсто

Студентски попуст од 50 отсто за влезниците во сите национални установи од областа на културата беше договорен вчера меѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која  во својот кабинет се сретна со претставници на Универзитетското студенско собрание. Притоа беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Универзитетското студентско собрание  при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

-Со Меморанудум е уреден студентски попуст од 50 проценти на влезниците за сите студенти кои што имаат индекс со заверен семестар за влез и следење на програмите на националните установи од областа на културата,  рече министерката за култура во изјавата за медиумите.

Костадиновска-Стојчевска информираше дека со овој Меморандум се опфатени сите национални установи во Македонија. Таа потенцираше дека Меморандомот нуди повеќе придобивки за студентите и додаде:„Студентите ќе имаат еднаква можност за достапност на културната сцена, ќе се зголеми нивно присуство во културните установи, ќе имаат можност да ги посетат сите културни настани во Република Северна Македонија кои што ги организираат сите национални установи во државата, ќе помогнеме за олеснување на нивниот стандард, нешто од што беше потегната и оваа иницијатива“.

Министерката потсети дека и во Законот за култура кој е во подготовка, се предвидуваат работни места, категории со нула работно искуство, односно со таа регулатива ќе им се овозможи на младите веднаш да имаат услови за вработување во  националните установи.

Претходна вестАнкета: Двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ во ИЕ 1 и ИЕ 5
Следна вестСе преврте автомобил кај Соборниот храм