Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои 25 санкции за непочитување на брзината на движење, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
-Имало и 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за поминување на црвено светло на затворен семафор, осум мерки за користење на мобилен телефон итн., стои во соопштението од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.