Антикорупционерите бараат разрешување на раководството на Фондот за иновации заради дадените грантови на внукот на Ахмети

Разрешување на раководството на Фондот за иновации поради сомневањата во незаконитости при доделување на државни пари на фирми на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, побара денеска Државната комисија за спречување на корупцијата.. Од вкупно 6 милиони денари на еден повик за проекти, пет милиони (околу 81.000 евра) добиле фирмите на младиот Ахмети.

Антикорупционерите бараат разрешување на директорот на Фондот за иновации технолошки развој Фестим Халили, како и на сите членови на Управниот одбор и Комитетот за одобрување на инвестиции.

Членот на Комисијата Нури Бајрами презентирајќи го предметот побара од Владата да ја преиспита целата работа на Фондот затоа што постои, како што вели, основано сомневање дека за несовесно и противзаконско работење на сите негови органи.

-Јас лично се прашувам како во овој случај не реагирал Управниот одбор кој го следи работењето на Фондот и како Комитетот за одобрување на инвестиции дал одобрение повикувајќи се на една општа одредба во правилникот каде штуро на едно место се предвидени промени без да се прецизира какви промени, и кој ќе врши надзор, рече Бајрами.

До сега од буџетот на Фондот се исплатени вкупно 35 илјади евра, а при тоа не е направена ниту една контрола од институцијата за да се изврши проверка како се потрошени нивните пари, посочува Бајрами повикувајќи се на документи добиени од ФИТР. Тој тврди дека исплатата на парите се извршувала авансно на квартална основа, а останатиот дел од парите требало да се исплатат по исполнувањето на условите за наменски потрошени пари. Според него спорно е што поголемиот дел од предвидениот буџетот за проекти на Фондот за иновации е доделен само на овие две компании.

Станува збор за проекти на две фирми на Дрин Ахмети кои се добитници на грантови за конфинансирање за проекти за технолошки развој и забрзан економски раст од Фондот за иновации на 10 мај 2022 година.

Претходна вестНа Табановце приведени три лица, им недостигале страници од пасошот
Следна вестВозач во Македонија фатен со 4,03 промили алкохол во крвта