Антикорупциска: Дел од градоначалниците со пари од општините купуваат гориво за приватни возила за партиски активности

Потпретседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Катица Николовска денеска изјави дека дел од градоначалниците со пари од општините вршат набавка на гориво за приватни возила кои ги користат за партиски активности.

– Знаејќи дека ДКСК воспостави механизам да следи дали службените возила се користат за потребите на изборите, некои од градоначалниците трошат општински пари за набавка на гориво, кое се точи во други приватни возила, кои се користат во партиски активности, коишто се почнати предвреме, потенцира Николовска.

Таа рече дека ДКСК ги следи сите дојави и согласно надлежностите, ќе се оцени дали има потреба од отворање на предмет, постапување и соодветно санкционирање.

Од ДКСК сметаат дека донекаде успеале да го решат проблемот со користење на службени возила за партиски активности, останува уште да се најде начин да се спречи користењето на горивото платено со општински пари а користено за приватни возила.

 

 

Претходна вестДенеска 16 починати од ковид и уште 6 од изминатата недела – 491 нови заразени, но и помалку тестирани
Следна вестТромблонска мина најдена во двор во тетовско