Апасиев: Ескобар иди да разговара за кокаинот во Чаир, струјата во Слупчане, дипломите во Струга, данокот во Арачиново…

Заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар денес доаѓа во Скопје. Официјално е најавена негова средба со претставници на Владата но и со политичари од опозицијата. Главната тема како што соопштија ќе биде европскиот пат на земјава, но пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев, саркастично „откри“ за што ќе се зборува на овие средби.

Ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус.

– Ајдееее… Американскиот дипломат ЕСКОБАР идел да разговара за: кокаинот у Чаир, струјата у Слупчане, дипломите у Струга, дивоградбите у Сарај, фискалните у Гостивар, знамињата у Тетово и данокот у Арачиново, напиша Апасиев на неговиот Фејсбук профил.

Претходна вестОбединета македонска дијаспора му пиша на Ескобар: После Скопје во Софија да се заложите за правата на Македонците во Бугарија
Следна вестВо скопско активен само пожарот кај Блаце