Апасиев: Ми го следат телефонот, ме следеле и физички…

Лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев синоќа на ТВ настап го соопшти референдумското прашање со кое оваа партија сака да организира референдум во Македонија.

-Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските Заклучоци, е референдумското прашање, наведе Апасиев.

Тој воедно зборуваше и дека власта го следи.

-Од јули сум ставен под посебни ПИ-мерки. Ми го следат и телефонот. Сега во Грција за четвртата партија каква што е тамошната Левица, имаше афера каде што си дадоа оставки. Мене ме следеле и физички, мислејќи дека имаме руски врски и со пари од Русија дека правиме протести пред Влада. Навикнати сме на вакви работи, истакна Апасиев.

Апасиев при настапот на „Канал 5“ потенцираше дека во паријата нема никакви странски пари и дека од Левица не се плашат што се следени.

– Сега гледаме ЛДП се растура. Според мои информации, тоа е се од структури на владејачката партија. Зечевиќ од СДСМ е опасен играч и почна агресивно против Левица. Не им се плашиме, истакна тој.

Претходна вестМилевски: Ако мислиме дека не можеме да ја победиме Грузија, не би ни дошле
Следна вестЗошто Ковачевски одбра во ОН да не ги спомне Македонците во соседните земји?