Апасиев за намалената пресуда на Николов: Тројца од судиите што ја преполовија казната на убиецот од Велес се рамковни

Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, објави дека тројца од судиите на Апелација што одлучија за 10 години да ја намалат казната на пијаниот возач што усмрти 11-годишно девојче во Велес, се избрани според Рамковниот договор. Според него корумпираните и правно неписмени кадри на ДУИ ни одлучуваат кој ќе оди во затвор.

– Тројца од судиите на Апелација кои ја донеле пресудата за преполовување на казната на убиецот на девојчето од Велес – се избрани по рамковен.
Значи, корумпираните и правно неписмени кадри на ДУИ ни одлучуваат кој ќе оди во затвор, а кој ќе биде слободен! А Таче вика: “Уште Бугарите у Устав и влагаме”.
Ако е и за Северџанистан – доста е!, напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.
Претходна вестУбиен навивач во Атина: Страшна тепачка меѓу Хрватите и домаќините
Следна вестТетово доби нов студентски дом, а Скопје – кога?