Тетово доби нов студентски дом, а Скопје – кога?

Студентите во секоја земја се гарантот за добра иднина. Секоја добро поставена држава прави се студентите да имаат услови за учење и престој. Како е во Македонија?

Ако се гледа преку соопштенијата на власта, македонските студенти секој ден добиваат нови и нови поволности. А тек колку планови власта прави за нови проекти, ехехеее…

Арно ама, ако се погледне без розевите наочари на Владата – студентите во Македонија добиваат премалку. Односно добиените ветувања не им се доволни – се бара и реализација.

И еве стигна една добра вест: Власта пред некој ден се пофали дека студентите на Тетовскиот Универзитет од претстојната академска 2023/24 година ќе може да престојуваат во нов студентски дом.

Добро е тоа, но, што е со ветениот нов студентски град во Скопје? Владеачката партија СДСМ уште на изборите во 2016 година ветуваше такво нешто.

-Кај студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“ ќе изградиме студентски град. Со комплетно нови модерни архитектонски решенија, како и функционални содржини: спортски сали, читални, библиотеки, ресторани, кино-сали и фитнес-центри, велеше поранешниот лидер и премиер Зоран Заев пред тогашните парламентарни избори.

Не е можно тој да лажеше, најверојатно не му стигна време да го направи ветеното. Ама па зошто неговите наследници немаа време, долги години се на власт?

А какви се условите во старите студенстски домови низ Скопје треба ли да се споменува. За „среќа“ за нивно реконструирање власта даде уверливи ветувања.

Во меѓувреме, младите неповратно заминуваат од Македонија. Владата дава ветувања дека и за тоа ќе најде решение…

Претходна вестАпасиев за намалената пресуда на Николов: Тројца од судиите што ја преполовија казната на убиецот од Велес се рамковни
Следна вестСпасовски се пофали: Намален е криминалитетот