Спасовски се пофали: Намален е криминалитетот

Криминалот и корупцијата се голем проблем на Македонија. Така е со години. Но, денеска стигнаа охрабрувачки вести од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски – тој преку социјалните мрежи информира дека има намалување на криминалитетот во првите шест месеци од годинава за 12,9 проценти во споредба со истиот период лани.

– Безбедносната состојба е генерално стабилна на целата територија, без регистрирани инциденти од поширок размер, при што стапката на вкупниот криминалитет изнесува 536 пресметано на 100.000 жители и истата е намалена во споредба со истиот период од минатата година кога изнесуваше 615,4, стои во објавата.

Во овој период регистрирани се 9.844 кривични дела во споредба со лани кога биле регистрирани 11.304 кривични дела.

 

Претходна вестТетово доби нов студентски дом, а Скопје – кога?
Следна вестТрајанов: Нема преговори со ЕУ и отворање на кластерите, оставка на Владата