Апелација ги потврди доживотните казни за масакрот кај Смиљковско езеро во 2012

Скопска Апелација ги потврди првостепената пресуда за петкратното убиство кај Смиљковско езеро во 2012 година, со која Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ беа осудени на доживотен затвор. По масакрот, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ побегнаа во Косово и се уште не се екстрадирани.

Тројцата се осудени дека ги убиле четирите момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.

Потврдена е и првостепената казна и на Хаки Азири за две кривични дела помагање за кои доби 9 години затвор, како и казната од 15 години затвор за Фејзи Азири, исто така обвинет за две дела – помагање .

„Монструм“ имаше две судења, откако во 2017 година Врховниот суд го врати овој случај на почеток, овојпат кај СЈО. Во повтореното судење, обвинението го застапуваше обвинителката Фатиме Фетаи.

Претходна вестПоразително истражување: Дури 62,7 отсто од средношколците потврдуваат дека насилството е често или постојано присутно во школите
Следна вестОд каде му е оптимизмот на Ковачевски дека 2030 година ќе влеземе во ЕУ?