Апсење на двајца кумановци во Меморијалниот центар во с.Пелинце

На 16.06.2024 во 04.00 часот во Меморијалниот центар во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.К.(29) и А.П.(22), двајцата од Куманово.

Од МВР потенцираа дека кај нив биле пронајдени кокаин, хероин и таблети. Двајцата, Д.К. и А.П. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Претходна вестНа територија на град Скопје казнети се вкупно 97 возачи
Следна вестДете искасано од улично куче во Долно Лисиче