Арсовска: Кој ќе му ги одземе ингеренциите на Ковачевски за автопатот Кичево –Охрид, за Клинички центар…

Прво реализирајте ги вашите ингеренции, му порача денеска скопската градоначалничка Данела Арсовска на премиерот Димитар Ковачевски. На прес-конференцијата таа реагираше на најавата на премиерот Ковачевски дека Владата во рамките на своите надлежности ќе направи се што може за да ги доврши сите големи проекти кои се почнати а незавршени во Скопје.

-Сметам дека неговата несмасна изјава е дел од неговото политичко неисксутво и нема да ја земам за зло. Сакам да прашам кој ќе ги одземе неговите ингеренции за нереализирањето на неговите ветувања? Кој ќе го доврши автопатот Кичево-Охрид, проектот за Клинички центар, ингеренциите за автопатот кон Крива Паланка, кој ќе ги одзеде ингеренциите за неспроведување на антикризните мерки. Прво реализирајте ги вашите ингеренции, му порача Арсовска.

Таа му порача на премиерот Ковачевски и да побара истрага и одговороност против  поранешниот градоначалник Петре Шилегов.

Арсовска денеска соопшти дека е блокиран е буџетот на Град Скопје како последица на амандманите кои се поднесени од советниците на ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Советот на Град Скопје.

-Денеска се случи она за што предупредувавме минатата недела. Нестручните и несериозни амандмани на ребаланс поднесени од ВМРО-ДПМНЕ го блокираа градскиот Буџет. Добивме и потврда од Министерството за финансии, дека поради ова не може да се вчита Буџетот. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ има единствена цел, блокирање на Град Скопје. Благодарение на овие нестручни аманднамни, ФК Вардар нема да добие поддршка која ја очекува, ниту граѓаните ќе добијат помош, ниту скопјани ќе добијат нови садници во ек на сезоната за садење, кажа Данела Арсовска.

Претходна вестСудењето за убиството на Денис Тот: Обвинителството бара казна, одбраната ослободување на тројцата обвинети
Следна вестПретрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер