Арсовска распиша нов оглас, се бараат понуди за автобуските линии 9, 11 и 12

Нов оглас за доделување на автобуски лини во градскиот превоз распиша Градот Скопје. По огласот којшто беше распишан за одржување на линиите 20 и 22, сега се бараат превозници кои ќе сообраќаат на линиите 9, 11 и 12.

За линијата 9 се бараат 15 автобуси и 31 возач, за линијата 11 пет автобуси и 10 возачи, а за линијата 12 се потребни осум автобуси и 18 возачи.

Ова е нов оглас за приватните превозници кој беше распишан од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, откако претходно беа раскинати договорите со „Слобода превоз“ и „Макекспрес“.

Превозниците на огласот може да се пријавуваат заклучно со 17 јануари 2023 година до 12 часот, а отворањето на понудите ќе се одржи на 24 јануари во 9 часот во барака 13 во Град Скопје. Приватните превозници веќе отпорано најавија дека нема да се пријавуваат на овие огласи и ја чекаат средбата со премиерот Димитар Ковачевски за да се најде решение за нивното побарување од 1,5 милион евра од ЈСП „Скопје“.

Претходна вестПо студено утро ќе биде сончево со умерена облачност
Следна вестКој ќе каже СТОП: Старата скопска чаршија ја прават нова да биде?