По студено утро ќе биде сончево со умерена облачност

Студено утро со појава на магла или ниска облачност во дел од котлините нè очекува денеска во земјава. Во текот на денот, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), се очекува сонце со мала до умерена облачност.

Максималните дневни температури ќе се движат од 7 до 12 степени.

Студено утро се очекува и во Скопје, со пораст на дневните температури до максимални 7 степени. Преку денот ќе биде сончево и магливо со мала до умерена облачност.

Слично време не очекува и утре и в сабота, со максимални дневни температури од 8 до 14 степени. Во недела најавено е сончево и потопло време со пораст на дневните температури до максимални 17 степени.

Претходна вестАБА 2 лига: Пелистер немоќен против Борац
Следна вестАрсовска распиша нов оглас, се бараат понуди за автобуските линии 9, 11 и 12