Асанж доби една правна битка за да не биде екстрадиран во САД

Познатиот новинар и активист, Џулијан Асанж доби одложување во борбата против екстрадицијата во САД, откако двајца судии му дадоа дозвола да поднесе жалба против неговата екстрадиција од Велика Британија.

Доколку на Асанж не му беше дозволено да поднесе жалба, тој можеше да биде екстрадиран во рок од неколку дена за да се соочи со обвиненијата за шпионажа во САД.

На дводневното рочиште, неговите адвокати тврдеа дека обвиненијата, кои се однесуваат на објавувањето на Викиликс и илјадници доверливи и дипломатски документи поврзани со војните во Авганистан и Ирак, се политички мотивирани и дека барањето за екстрадиција е незаконско.

Двајца судии во Високиот суд во Лондон, Дејм Викторија Шарп и Џастис Џонсон, пресудиле дека адвокатите покажале дека Асанж има спорен случај и дека треба да му се даде можност да го претстави на целосна жалбена расправа.

Инаку, тој во САД се бара врз основа на 18 кривични пријава откако неговиот Викиликс во 2010 година објави илјадници доверливи податоци и дипломатски извештаи од кои се виде од друг агол на кој начин најголемата демократија во светот владее и делува низ планетата. Ако биде прогласен за виновен, на Асанж му се заканува казна до 175 години затвор.

 

Претходна вестАнгелов: Во СДСМ ми рекоа дека треба да останам директор, доколку Џафери и Владата одлучат спротивно, ќе прифатам
Следна вестУбаво: РФМ ќе ги награди машката и женската репрезентација за пласман на СП и ЕП со по 2 милиони денари