Ангелов: Во СДСМ ми рекоа дека треба да останам директор, доколку Џафери и Владата одлучат спротивно, ќе прифатам

Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи, нема да се противи на неговото разрешување на функцијата доколку Владата донес етаква одлука по предлог на премиерот Талат Џафери. Во објавата на неговиот профил на Фејсбук Ангелов денеска рагира на најавата на Џафери дека ќе го разреши од фукцијата доколку тој со својата партија „Достоинство“ ја напушти владината коалиција. Ангелов вчера веќе најави дека ја напуштил коалицијата и дека околу тоа водел разговори со раководството на СДСМ.

Во објавата насловена како „Командант на УЧК ќе разрешува генерал на безбедоносните сили“  Стојанче Ангелов наведува дека колку тоа некому да не му се допаѓа непобитен факт е дека поранешниот командант Форина од УЧК денес е легитимен претседател на македонската Влада.

Тој, додава Ангелов, како Премиер тој има право да предлага именување и разрешување на функционери кои ги именува Владата.

-Конечната одлука ја носи Владата со мнозинството министри што само по себе значи дека, за да биде прифатен предлогот на Премиерот за мое разрешување, подршка треба да дадат министрите, вклучително и вицепремиерите од СДСМ. Во спротивно ќе нема мнозинство за мое разрешување, наведе тој.

Ангелов потесетува дека деновиве благовремено го известив најпрво генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ а потоа и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Двајцата се изразија позитивно за неговата професионалност како директор на ЦУК и сугерирале дека во овој чувствителен период за државата треба да остане на чело на оваа значајна институција без разлика на политичката одлука на „Достоинство“ за напуштање на владината коалиција.

-Нивниот коректен став го објавив јавно пред неколку дена на прес конференцијата на која ја известивме јавноста дека излегуваме од коалицијата предводена од СДСМ. Оттука сметам дека мојата средба со премиерот Талат Џафери, со кого од поодамна имам коректна комуникација, барем на оваа тема е излишна, бидејки, повторувам, „Достоинство“ јавно објави дека излегува од коалицијата предводена од СДСМ. Како директор на ЦУК мој приоритет секогаш била, е, и ќе биде, безбедноста на граѓаните поради што максимално посветено и професионално ја извршувам оваа одговорна функција. Доколку Владата се согласи со предлогот на премиерот Талат Џафери и смета дека треба да бидам разрешен јас без противење ќе ја прифатам нејзината одлука, наведе Стојанче Ангелов.

Претходна вестМНТ со две бесплатни претстави по повод Светскиот ден на театарот
Следна вестАсанж доби една правна битка за да не биде екстрадиран во САД