МНТ со две бесплатни претстави по повод Светскиот ден на театарот

Македонскиот народен театар, по повод 27 март, Светскиот ден на театарот, за љубителите на театарската сцена организира две бесплатни претстави.

Станува збор за детско-младинската претстава „Силјан Штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30. март во 12:00 часот и изведбата на претставата „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, ќе биде со вечерна изведба на 6. април со почеток во 20:00 часот.

Од театарот информираат дека гратис билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите.

Претходна вестРуски истражители во Таџикистан ги испитувале роднините на осомничените напаѓачи во Москва
Следна вестАнгелов: Во СДСМ ми рекоа дека треба да останам директор, доколку Џафери и Владата одлучат спротивно, ќе прифатам