Темен режим Режим на светлина

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Црниче

Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Со тешки телесни повреди вчера се здобил малолетник во сообраќајна незгода во скопската населба Црниче.

МВР информриа дека на 25.03.2024 во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Црниче“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(54) од Скопје и трицикл „Томос“ со вградена приколка, управуван од малолетник од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Тешко повредена малолетничка која била прегазена во Тетово

Следна објава
Со 3,06 промили алкохол навредувал полиција во Велес

Кривична пријава против 27-годишник, запалил возило на Шумската полиција