Автобусите ќе возат по неделен возен ред за време на велигденските празници

Автобусите во пресрет на претстојните велигденски празници ќе возат по неделен возен ред. Додек билетарниците и центрите за персонализација ќе работат единствено во сабота, а другите денови ќе бидат неработни за сите продажни места, информираат од ЈСП.

– Ве информираме дека во пресрет на претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре, петок (14.04.2023 год) ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Во сабота (15.04.2023 год), недела (16.04.2023 год) и понеделник (17.04.2023 год) автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат единствено во сабота (15.04.2023 год), а другите денови (петок, недела и понеделник) ќе бидат неработни за сите продажни места.

Што се однесува до автобуските лиини до Средно Водно, Линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) ќе сообраќаат по неделен возен ред, информираат од ЈСП.

Жичарницата претстојниве празнични денови (од утре до понеделник) ќе работи вообичаено, од 10 до 18 часот.

 

 

Претходна вестКазнети 201 возачи во Скопје, 88 за брзо возење
Следна вестПешачкиот премин е место каде треба да бегаш како зебра од лав?