Балетската претстава „Ла, ла, ла…!“ утре во МОБ

Утре со почеток во 20 часот во Македонска опера и балет на репертоарот е балетската претстава „Ла, ла, ла…!“. Кореографка е Саша Ефтимова, додека женскиот дел од балерините го сочинуваат Ангела Велевска, Мила Ниновска, Христина Наќевска, Симона Митовска, Ангела Богатинова, Бојана Христовска, Ивана Димкоска, Меланија Гоцевска, Мартина Димовска.

Машкиот ансамбл се Игор Веланоски, Ендру Кук, Мирослав Митрашиновиќ, Агим Бафтии, Мартин Саздовски, Кристијан Јангос, Јан Кисилев, Никола Орсо.

– Модерен балет за оние што сонуваат за среќа и едни времиња во кои живеевме, луѓето со кои сме ги споделувале тие мигови – ништо не може да го оживее тоа време, тоа сеќавање, тој живот, освен една стара музичка миксана лента. Секоја миксана лента раскажува една приказна од различно време. Музиката е таа што нѐ води на незаборавни патувања, стои во описот на МОБ за претставата.

Претходна вестПак подебелиот крај за децата: Царовска ги прати таблети да си бараат од училиштата, а тие им велат: „немаме, толку ни дадоа“!
Следна вестБез струја неколку скопски општини