Бастри Бајрами се дистанцира од Беса, во парламентот ќе биде независен пратеник

Бастри Бајрами, досегашниот пратеник на Беса во македонскиот парламент, во иднина ќе делува како независен пратеник. Тој за ова утрово го известил претседателот на Собранието Талат Џафери.

– Јас долупотпишаниот пратеник Бастри Бајрами, Ве информирам дека од денес ќе дејствувам како независен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, вели Бајрами во дописот испратен до претседателот на Собранието

Тој до сега заедно со Фадил Зендели беше пратеник од Беса. Бајрами неодамна се дистанцира од партијата откако лидерот на Беса Билал Касами реши да соработува со Алтернатива и новото движење на Изет Меџити за окрупнување на опозицискиот фронт.

Претходна вестМакедонскиот тенисер Калин Ивановски доминантно го почна настапот во Австрија
Следна вестКумановка жртва на уцени, „дај ни пари или ќе ти го убиеме синот во затвор“