Кумановка жртва на уцени, „дај ни пари или ќе ти го убиеме синот во затвор“

Двајца мажи од село Черкези кумановско уценувале 62-годишна жена дека нејзиниот син кој бил во затвор ќе биде убиен доколку таа не им даде пари. Тие се уапсени и задржани во полициска станица.

– На 24.07.2023 во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.Р.(40) од село Черкезе, кумановско и Б.Ш. (34) од Куманово. Тие барале од 62-годишна жена од Куманово да им даде пари, уценувајќи ја со закани по животот кон нејзиниот син кој бил во казнено-поправна установа, информираат од МВР.

Двете лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Претходна вестБастри Бајрами се дистанцира од Беса, во парламентот ќе биде независен пратеник
Следна вест41-годишен маж вознемирувал малолетничка преку инстаграм