Дрога, автоматска пушка и куршуми пронајдени при претрес во Кондово

При претрес кај кондовец, била пронајдена автоматска пушка и дрога и куршуми. Тој е уапсен и против него ќе следува пријава.

– Денеска, полициски службеници од Единицата недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Р. С. (31) од с. Кондово, Скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, автоматска пушка, неколку куршуми за автоматска пушка и осум саксии со развиени стебла канабис сатива, информираат од МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вест41-годишен маж вознемирувал малолетничка преку инстаграм
Следна вестСкопјанец допирал малолетничка во воз, па се самозадоволувал пред две жени