Македонскиот тенисер Калин Ивановски доминантно го почна настапот во Австрија

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да ја мине првата пречка на фјучрс турнирот во австрискиот град Крамсах кој се игра за награден фонд од 25.000 долари. Во првото коло го совлада Петер Голдстејнер од Австрија со 2:0 во сетови 6:1 и 6:0.

Ивановски, кој е рангиран како втор носител, во следното коло ќе игра против уште еден домашен тернисер Сил Гаџери (18 години), кој на турнирот настапува со вајлд карта.

Гаџери во првото коло беше подобар од својот сонародник Грегор Хаусбергер со 2:0 во сетови 6:3 и 6:2.

Во конкуренција на двојки Ивановски заедно со Елдин Хусеиновиќ в среда ќе играат против италијанско-американската комбинација Томасо Карневале Мино и Сем Лејпидес.

Претходна вестОколу илјада најрадикални навивачи на Левски доаѓаат во Скопје
Следна вестБастри Бајрами се дистанцира од Беса, во парламентот ќе биде независен пратеник