Околу илјада најрадикални навивачи на Левски доаѓаат во Скопје

Фудбалскиот клуб Левски од Софија објави дека ја контактирал УЕФА поради огромната разлика во цените на билетите за домашните навивачи и за бугарските навивачи за првиот меч со Шкупи во Скопје во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Натпреварот е на арената „Тодор Проески“ на 28 јули (четврток) во 22:00 часот, и се очекува околу 1000 навивачи на Левски да дојдат во Скопје за да го бодрат својот тим. Тие важат за едни од најрадикалните навивачи.

– На официјалната веб-страница на ФК Шкупи, објавена е информација која покажува шокантна разлика во цените на билетите за домашните навивачи и оние на Левски, за натпреварот од 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА 2023/24 на 27.07. 2023 година. Во таа насока, раководството на ФК Левски го адресира проблемот до организаторите на фудбалскиот натпревар и до претставниците на УЕФА (делегат на УЕФА и службеник за безбедност на УЕФА), почитувајќи ги прописите на европската фудбалска куќа за ова натпреварување, истакнуваат од бугарскиот клуб Левски.

Цените на билетите за мечот против Бугарите за симпатизерите на Шкупи чинат од 150 до 200 денари, што е околу 2,5-3,25 евра, а за навивачите на Левски била објавена цена од 1.200 денари (20 евра).

Бугарскиот клуб доби 1600 билети за натпреварот, а неговите навивачи е предвидено да бидат сместени на Западната трибина.

Претходна вестВласта во маки: Почнаа нејзини пратеници да се предомислуваат
Следна вестМакедонскиот тенисер Калин Ивановски доминантно го почна настапот во Австрија