Бензинот Еуросупер БС-95 и дизелот поскапуваат за половина денар

Од ноќеска на полноќ горвата ќе се продаваат по нови цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката на РКЕ, бензиот Еуросупер БС-95 и дизелот од полноќ поскапуваат за половина денар, додека малопродажната цена бензинот Еуросупер БС-98 денеска останува иста и нема да се менува. Па така, литар Еуросупер БС-95 од полноќ ќе чини 83 денари, литар дизел ќе се продава за 84 денари, а бензинот Еуросупер БС-98 ќе чини 85 денари за литар.

РКЕ одлучи од ноќеска на полноќ за половина денар да се зголеми и цената на екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава за 83,5 денари за литар, а литар мазут, чија цена се зголемува за 0,228 денари, од полноќ ќе чини 41,042 денари за килограм.

Претходна вестЗадавена или задушена осумдесет и три годишна старица во Струмица
Следна вест12-годишник паднал од зграда во Скопје