Темен режим Режим на светлина

Задавена или задушена осумдесет и три годишна старица во Струмица

Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Осумдесет и три годишната старица М.Б., која пред три дена беше пронајдена мртва во својот дом на улицата „Димитар Цветинов“ била убиена. Инаку, безживотното тело на старицата, која живеела сама, беше пронајдено во петокот попладне од блиски членови на семејството, кои повикале Итна медицинска помош, а оттаму ја известиле полицијата.

Првичните информации од ОЈО Струмица по извршената обдукција покажале дека причина за смртта е надоврешна сила, односно таа била задавена или задушена.

Од струмичкото Oбвинителство не соопштуваат повеќе детали во интерес на истрагата. Додаваат дека интензивно се работи на расчистување на случајот и откривање на сторителот или сторителите на овој грозоморен чин.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ковачевски: На перфиден начин се сака да се одвлече вниманието од нашата европска иднина

Следна објава
Одраз на судирот во Иран врз македонската економија: Нафта ќе има, но по која цена?

Бензинот Еуросупер БС-95 и дизелот поскапуваат за половина денар