Бесплатни часови по пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Учениците од прво одделение и дечињата со попреченост во училиштата во општина Аеродром и оваа година преку проектот „Учиме да пливаме“ имаат можност да ги совладаат техниките и стиловите на пливањето, целосно бесплатно, овозможено со средства од локалната власт, соопшти оваа скопска општина.

Како дел од проектот, учениците добиваат часови од стручни лица и целосна опрема за пливање.

Во информацијата се наведува дека инклузивноста и здравиот начин на живот се важни за оваа општина во Аеродром, а задоволството на родителите и радоста на дечињата се доволна потврда.

-Со проектот ги рушиме стереотипите на административното работење и грижата за најмладите ја ставаме високо во нашите приоритети. Пливањето овозможува тренинг за целото тело и го активира умот, а преку конкретниот проект, освен физичкиот развој, успеваме дечињата за момент да ги оттргнеме од секојдневните обврски и дигиталната технологија, стекнувајќи нови спортски и моторички вештини. Поддршката за спортот и здравиот живот продолжува и понатаму, со проекти и активности во различни спортски дисциплини, велат од Аеродром.

Претходна вестНов шок за твитерџиите, Маск ќе наплаќа на сите корисници на „Х“
Следна вестТрајанов ги оспори измените во Кривичниот законик пред Уставниот суд