Без „Северна“ ВМРО-ДПМНЕ не може да го спречи пописот – Џафери им ја врати иницијативата

Претседателот на Собранието Талат Џафери им ја врати на ВМРО-ДПМНЕ граѓанската иницијатива која требаше да го отвори патот, со граѓански потписи да се стопира Законот за попис.

Во образложението, кое на својот фејсбук – профил го објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, стои дека таа не е поднесена до Собранието на Република Северна Македонија и дека не постои „Закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија“, како што стои во иницијативата од опозицијата.

-Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот е дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија. Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува.На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот, напиша Мицкоски на Фејсбук, кој во објавата го споделува и дописот од Собранието.

Претходна вестДневен биланс ковид-19: Деветмина починати и 476 нови случаи
Следна вестОд први јули, нови пасоши со новото име