Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров и Кисела Вода.
• во периодот од 09:00 до 11:00 часот, дел од улицата Драгувити во општина Ѓорче Петров;
• во периодот од 08:00 до 12:00 часот, дел од улицата Христо Татарчев-15 во општина Кисела Вода.