Без струја утре дел од корисниците на Аеродром

Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа,  електрична енергија утре од 8 до 13 часот ќе немаат корисниците од дел од ул. „Мите Богоевски“ во општина Аеродром,

Од 10 до 14:30 часот  утре струја ќе немаат и корисниците од дел од село Горно Лисиче,  соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиено известување од ЕВН.

В сабота, 4 декември, од 8 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од дел од населбата Илинден, поточно улиците бр. 32 и бр. 34 и објектите во околината на хотелот „Белви“ во општина Илинден.

Претходна вестЖителите на „Ѓорѓи Скрижевски“ од 19 часот без вода
Следна вестСо празен стомак и џеб, кому му е гајле за почеток на преговори со ЕУ?