Бик усмртил прилепчанец

Завчера во близина на новите гробишта во Прилеп, од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт кај К.Ј.(75) од градот, чие што тело се наоѓало во автомобил.

-Од страна на увидна екипа од Полициска станица Прилеп извршен е увид, а при разговор со В.Ј. (50) од Прилеп, син на починатиот, тој кажал дека откако добил повик од З.Н. дека нешто не е во ред со неговиот татко, се упатил кон место викано „Стопанство-Чопела“, каде што неговиот татко напасувал добиток и го забележал како лежи на ливадата без знаци на живот, најверојатно од напад на бик, информираа од МВР.

Заедно со роднината Р.Б. го ставиле телото во возилото и на пат кон градот, пред влезот на Хлорната станица, ја пресретнале екипата на Итната медицинска помош Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Претходна вестПосебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на шпанскиот премиер
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Власта лаже дека нема да се почувствува енергетската криза