Билетите за последниот домашен меч на Пелистер во ЛШ по цена од 450 и 550 денари

Пелистер во среда го игра последниот натпревар на домашен терен во Лигата на шампиони. Во салата „Боро Чурелвски“ гостува тимот на Алборг, а билетите веќе се пуштени во продажба.

Фановите имаат да одберат две варијанти, билети кои чинат 450 денари и билети кои се малку поскапи, односно чинат 550 денари.

Актуелниот македонски првак во кам-бекот во ова натпреварување не се прослави. Има 12 порази во низа, а желбата кај сите е една – победа против Алборг за убав финиш на домашен терен. Во последното коло од групната фаза, Пелистер е гостин на Колстад.

Претходна вестСтудентот кој го преживеа страшниот судир меѓу возови во Грција сè уште е во кома – беше најден жив помеѓу 57 мртви
Следна вестВо Белград промовиран зборникот „Македонски во 30 лекции“