Билетите за ракометниот дуел Македонија – Португалија од денес во продажба

Македонската Ракоментна Федерација од денес ги пушти во продажба билетите за квалификацискиот натпревар меѓу Македонија – Португалија. Дуелот ќе се одигра во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ овој четврток со почеток во 19 часот.

Цената на билетите ќе биде 200 и 100 денари, а како и досега, се очекува полна сала за максимална поддршка на македонските ракометари.

Дуелот Македонија-Португалија се игра во рамките на квалификациите за ЕП во 2024 година.bv

Претходна вестНови протоколи во случај на дојава за бомба во училиштата
Следна вестЕврејска заедница и Фондот на холокаустот: Згрозени сме и навредени од маската на Хитлер на карневалот во Струмица