Битолчанец за седум месеци ограбил неколку станови и берберница

Полицијата до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.А.(32) од Битола затоа што во период од месец март до месец септември 2022 година извршил седум кривични дела од кои една разбојничка кражба, четири кражби, една тешка кражба и едно загрозување на сигурноста со опасно орудие, сите на подрачјето на Битола. Тој влегувал во куќи и станови и одземал пари, златен накит и други предмети со што се стекнувал со противправна имотна корист.

Последното кривично дело М А. го извршил на 27.09.2022 во Битола, каде заедно со друго лице со цел да прибават противправна имотна корист сториле кривично дело “Разбојничка кражба“ во берберница, при што одзеле пари од касата и физички го нападнале сопственикот.

М. А. е лишен од слобода, приведен во полициска станица Битола, при што истиот дел од кривичните дела ги признал во целост.

Претходна вестЛебот, брашното и печивата поскапуваат за најмалку 10 отсто
Следна вестОпштина Аеродром ќе доделува финансиска помош на социјално загрозените лица