Битолчанка и прилепчанка истепани од мажите

Битолчанка и прилепчанка вчера пријавиле во полиција дека биле нападнати од нивните сопрузи. Едната била нападната од поранешниот додека другата од сегашниот сопруг.

– 34-годишна жена од Битола пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг С.Ј.(34) физички ја нападнал, додека 39-годишна жена од Прилеп пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг И.М., информираат од МВР.

Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот.

Претходна вестКолку тежи зборот на Ангелов и Морачанин кај ДУИ и СДСМ?
Следна вестУбиство и самоубиство во Демир Капија, 64 годишник уби 34 годишен сосед па се самоуби