Убиство и самоубиство во Демир Капија, 64 годишник уби 34 годишен сосед па се самоуби

Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија, ваквата вест ја потресе демиркаписката но и јавноста во Тиквешијата. Градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврдил за МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот.

Неофицијално, повозрасен човек над 64 години, пукал во соседот што живеел над него во зграда, на возраст од околу 34 години. Наводно, причината била претходна расправија.

МИА се обрати до МВР и Обвинителство и се очекува официјална информација од нив во текот на денот.

Претходна вестБитолчанка и прилепчанка истепани од мажите
Следна вестСопственик на продавница ја препознал од документарец, пронајдено девојче киднапирано пред шест години