Сопственик на продавница ја препознал од документарец, пронајдено девојче киднапирано пред шест години

Кајла Унбехаун исчезна на 9-годишна возраст од Илиноис во 2017 година. Нејзиниот случај доби огромно медиумско внимание. Набрзо се дозна дека Кајла била киднапирана од нејзината мајка Хедер, но полицијата немала траги.

Во времето на киднапирањето, старателство над Кајла имал нејзиниот татко Рајан, кој ја оставил кај нејзината мајка Хедер тој викенд во јули 2017 година. Требало да ја земе на 5 јули, но не можел да ги најде на адресата.

Државната полиција на Илиноис тогаш потврди дека Кајла последен пат била видена на 4 јули 2017 година. Американскиот национален центар за исчезнати деца објави нејзина фотографија и податоци, започна потрага, но напорите не вродија со плод.

Центарот за исчезнати деца на своите страници чувал и фотографија од тоа како може да изгледа Кајла денес, случајот бил споменат и во документарниот филм на Нетфликс „Нерешени мистерии“, што, според ABC Чикаго, наводно довело до пронаоѓање на Кајла!

Според американските медиуми, сопственик на продавница во трговски центар во Ешвил, Северна Каролина, ја препознал Кајла од документарецот на Нетфликс и ја контактирал полицијата.

– Полицијата потврди дека Хедер Унбехаун е уапсена, додека Кајла првично била згрижена од одговорните служби.

Против Хедер засега е подигнато обвинение за киднапирање на дете. Веројатно ја чекаат уште неколку.

Претходна вестУбиство и самоубиство во Демир Капија, 64 годишник уби 34 годишен сосед па се самоуби
Следна вестЈунајтед Груп се приклучува на Глобалниот договор на Обединетите нации