Хебрејска Библија продадена за 38,1 милион долари

Хебрејска Библија од 900 година од нашата ера продадена за 38,1 милион долари. Таа беше продадена од аукциската куќа Сотби, и ова е еден од најскапите ракописи продаден на пазарот за антиквитети.

Очекуваната аукциска бројка за оваа хебрејска Библија, наречена „Кодекс Сасун“ по нејзиниот најпознат сопственик, Дејвид Соломон Сасун, изнесуваше помеѓу 30 и 50 милиони долари.

Сасун го купил Светото писмо во 1929 година за 350 фунти, а во соопштението на аукциската куќа било наведено дека оваа хебрејска Библија е речиси целосна и исклучително добро сочувана. Недостигаат само неколку страници, а се состои од 24 книги.

„Сотбиз“ го продаде по четириминутно наддавање меѓу двајца понудувачи, а купувач е поранешниот американски дипломат Алфред Мозес.

Тој ја даде понудата во име на американска непрофитна организација која ќе ја донира оваа хебрејска Библија на Музејот на еврејскиот народ АНУ во Тел Авив.

Претходна вестЗошто полицијата не успева да ги скроти здивените возачи низ Скопје?
Следна вестАпел од првата антикорупционерка Ивановска: Родителите да не бркаат „врски“ за оценки