Апел од првата антикорупционерка Ивановска: Родителите да не бркаат „врски“ за оценки

Апел родителите да бараат „врски“ за подобри оценки, туку децата сами треба да си ги заслужат, упати денеска Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на коруцпија (ДКСК). Комисијата и денеска ја продолжи кампањата „Бидете херои на чесноста“ во ОУ „Братство“ во Скопје.

-Во досегашните анкети децата беа многу искрени и искажаа дека повеќе од половината, околу 60-70 проценти кажаа дека се сведоци на незаслужени оценки, а причината за тоа е поради тоа што родителите барале „врски“. Апелот треба да биде до сите, не само до децата, тука се и родителите од дома и наставниците од училиште. Родителите се тие кои треба да воспитуваат, наставниците треба да образуваат и не треба да има мешање на едното и другото. Кога детето веќе е дадено во училиште треба да се има доверба во просветните работници кои даваат се од себе за тоа дете да биде како што треба образувано. Не треба да имаат перцепција дека треба да се потпрат на родителите, и тоа им е еден одговор дека помош секогаш бараат од родителите, туку сами да се борат со свое знаење и своја умешност а не со помош на родителите да ги добиваат оценките, изјави Ивановска.

Таа се надева дека преку оваа кампања со која сакаат да испратат порака за транспарентност и интегритет ќе се зголеми свеста кај децата за корупција.

-Без интегритет не може да има никој борба против корупција, па ниту и дечињата. Перцепцијата е дека родителите бараат врски. И тоа е поразително. Мора да работиме на тоа, не е важно да бидат сите со петки, затоа има оценка од 1 до 5 важно е оценката да биде нивна заслужена и да се стекнат со знаење, нагласи Ивановска.

Кампањата започна на 16 мај, а претходно се спроведе во ОУ „Петар Поп Арсов“ и во ОУ „Коле Неделковски“.

Претходна вестХебрејска Библија продадена за 38,1 милион долари
Следна вестЗнае ли точно Маричиќ од што стравуваат македонските граѓани?