Од Центарот за управување со кризи апелираат: Претпазливо движење покрај реките и суводолиците

Од Центарот за управување со кризи апелираат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на наредните денови. Ваквото предупредување следува откако од УХМР најави нестабилност со пороен дожд.

– Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток, во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд (кој на моменти може да биде доста интензивен), придружуван со грмежи, засилен ветер и локална појава на град, велат од УХМР.

Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни и за кратко време да наврнат поголеми колочини на дожд кој може да предизвика зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците кај кои доколку се остварат прогнозите и локално паднат поголеми количини на врнежи, можни се и локални излевања.

– Водостојот на реката Вардар во горниот дел од нејзиното течение е доста вискок и иако е сеуште под границата на излеавње, предупредуваме на внимателност во тој дел од земјата (Тетовско-Гостиварскиот дел и Полошката Котлина), известуваат од Центарот за управување со кризи.

Исто така, доколку врнежите бидат од пороен карактер и просторно бидат сконцентрирани во градските урбани средини, можна е локална и изолирана појава на одредени проблеми во населени места, како и појави на одрони и свлечишта во одредени делови на земјата, велат надлежните и препорачуваат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на наредните денови.

Претходна вестПостигнат голем напредок во борбата против Алцхајмерова болест
Следна вестСпасовски се правда: Новите лични документи поскапеа за да може да се функционира