Боки 13 во болница, одложено судење за „Меѓународен сојуз“

Болничкото лекување на Бојан Јовановски – Боки 13 повторно го одлложи судењето во предметот „Меѓународен сојуз“. Ова е трето одлагање на овој процес, а надлежната судијка денеска ги откажа и веќе закажаните термини за 14 и 22 октомври. Новото рочиште е закажано за 28 октомври.

Јовановски е на болничко лекување заради проблемите со желудникот. Во случајот „Меѓународен сојуз“ тој е првообвинет и се товари со кривичните дела измама и перење пари. На обвинтелната клупа треба да седнат и поранешната пратеничка Фросина Ременски, Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ… кои се обвинети за помагање во измама и перење пари. Таткото на Боки 13, Миле Јовановские обвинет за помагање во перењето пари и за делото неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Обвинителството ги товари дека од страна на „Меѓународниот сојуз“ на чело со Јовановски, двајцата бизнисмени, Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски, биле доведени во заблуда и измамени преку проекти за изградба на европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси, па преку авторска агенција исплатиле големи суми на пари.

Претходна вестДве наставнички од ОУ „Гоце Делчев“ во Центар позитивни, 15 првачиња во изолација
Следна вестЏон Илија Апелгрин пред денешниот протест на музичарите: Некој е глуп, а ќе го викам касап